Географска секција

ОУ Ѓорѓи Сугарев - Битола

училишни проекти

 

Хаити

Хаити е островска држава во Карипско Море. Се наоѓа на островот Хиспаниола .Него го дели со државата  Доминиканската Република.На островот живеел домороден народ Аравак(Таино) кој скоро да е и истребен по доаѓањето на Колумбо.Островот подоцна е населен со робови од Афика, донесени за работа на плантажите со шекерна трска.На почетокот Хаити биле колонија на Шпанија , за подоцна да станале француска колонија. Независност од Франција во 1804 год.  Денес таму се зборува на француски и креолски.Зафака површина од  27.751 km² Во однос на расите доминира црната:95%, 5 % се мулати, исто така има мал број на преставници на белата раса.Бројот на населението на Хаити 2007 бил 8,7 милиони жители.

          Релјефот на оваа земја е претставен претежно од планини, висорамнини, низини и речни долини.Во јужниот дел се наоѓа највисоката планина во Хаити,Масив де ла Хоти  со највисокиот врв Селе ,висок 2680м.

Главен град е Порто Пренс има 1 милион жители.Тој се наоѓа на брегот на заливот Ла Гонав.Втор град по големина е Кап Аитиен.Околу 80% од населението живее во глад и сиромаштија.Најголем дел од него живее од земјоделството.

                                                        Јамајка

Јамајка е остров кој спаѓа во Големите Антили и е сместен во Карипското Море. Се наоѓа 620 км североисточно од Средна Америка 145 км јужно од Куба и 190 км западно од островот Хиспаниола каде се наоѓаат Хаитите и Доминиканската Република. Домородците ја нарекле Xaymaca што значи „Земја на шуми и вода“.Првите луѓе, кои го населиле островот биле местните Индијанци Араваки. Кога Кристофер Колумбо ја посетил Јамајка во 1494 година, тој островот го објавил за шпанска територија и постепено местното население го претворил во робови. Во тоа време многу Африканци биле доведени како робови и сега повеќе од 90% од жителите имаат африканско потекло. Велика Британија ја зазела Јамајка во 1670 година и таа останала нејзина колонија се до 1962 година.

Јамајка е трет остров по големина од Карипските острови и најголем карипски остров каде се зборува англиски. Најповеќето големи градови се лоцирани на брегот. Меѓу позначајните спаѓаат: главниот град Kingston, Spanish Town, Mandeville, Negril, Ocho Rios и Montego Bay.

Површината на Јамајка изнесува 10. 990 км2.Бројот на жители е 2,400 000.Густина на населеност: 222 жители на км2Службен јазик: англискиРелигии: христијани (60%); останати (40%);
           
Климата во Јамајка е тропска со топло и влажно време. Јамајка лежи во ураганскиот појас на Атлантскиот Океан, па како резултат на тоа понекогаш има големи штети на островот предизвикани од бура.

Иако има малку жители , Јамајка има богата култура. Музичките видови како реге, ска, менто, рокстеди и поновите денсхол и рага потекнуваат од Јамајка. Меѓународно позантиот реге музичар Боб Марли е роден во Јамајка и е многу почитуван таму.

Национални симболи на Јамајка :

  • Национално цвеќе – Lignum Vitae
  • Национално дрво - Blue Mahoe (Hibiscus elatus)
  • Национално јадење - Ackee и бакалар.
  • Национално мото - "Out of Many, One People."( Единство меѓу повеќе култури и раси.)

Јамајка е парламентарна демократија, членка на Британскиот Комонвелт. Независност Јамајка стекнала на 6 август 1962 година од Велика Британија. Официјална валута која се користи е јамајканскиот долар Поголемиот дел од приходот го носат рудниците на боксит, рудите алуминиум, а и туризмот е мошне развиен.


 

ученички проекти

 

Анди – Јужни Кордилјери

Андите се планински венец во Јужна Америка, познати уште како Јужни Кордилјери. Се протегаат покрај западниот брег на Јужна Америка во должина од преку 7000 км. На нив се наоѓа највисокиот врв во Јужна Америка - Аконкагва, висок 7040 м. Андите се широки од 200 до 700 км  (најшироки помеѓу 18° и 20° с.г.ш.), и се со просечна височина од 4000 м.Венецот на Андите главно е составен од два дела, Источни Кордилери  и Западни Колидери, во средината одделени со дупка т.е. депресија. Андите се протегаат на површините на седум земји: Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор, Перу и Венецуела. Овие земји уште се познати како Андиски Држави.Андискиот планински венец е највисока планина надвор од Азија. Највисоката точка, Аконкагва е 6962 м над морското рамниште. Крајната точка на планината Чимборазо, на Еквадорските Анди, е крајната точка на Земјата која е најмногу оддалечена од нејзиниот центар, поради екваторското испапчување.
Име
Има многу теории околу етимологијата за името Анди. Некои веруваат дека Анди доаѓа од зборот анти, што значи “ висок гребен “, други пак веруваат дека името Анди доаѓа од еден од регионите на Империјата на Инките. Некои веруваат дека Анди доаѓа од шпанскиот збор андéн кој значи “ тераса “.


Клима
Климата на Андите зависи од локацијата, висината, и оддалеченоста од морето. Јужниот дел е врнежлив и ладен, додека централните Анди се сушни. Северниот дел е обично влажен и топол, со просечна температура од 18 °Ц во Колумбија. Снежната линија зависи од локациите. Снег постојано има на повисоките врвови како Аконкагва, Котопакси и др.

ученички проекти

 Пустина Атакама     

   

 Атакама е најсушната пустина на светот сместена покрај  брегот на Тихиот Океан  во државата Чиле (Јужна Америка).За разлика од другите пустини во светот , Атакама е поладна  со просечни дневни температури од 00 до 250.
     На запад оваа пустина е ограничена со Пацификот, а на исток со планинскиот масив Анди. Ваквата поставеност на теренот, доведува до тоа над пустината да паѓа дожд два до четири пати на сто години. Постојат дури и места во пустината каде никогаш не е забележано паѓање на дожд,  а во некои нејзини делови дожд нема паднато 400 години.

 

Единствениот начин на кој растителниот и животинскиот свет во оваа пустина добива влага, е преку густата магла, која се нарекува каманшака (camanchaca). Таа настанува кога студениот воздух, кој патува со морските струи кои настануваат на Антарктикот, ќе се судри со потопол воздух на географската ширина на пустината Атакама. Оваа влага буквално се „жнее” од страна на целокупниот жив свет во пустината, вклучувајќи ги и луѓето кои таму живеат, кои користат т.н. „мрежи за магла”, преку кои влагата ја заробуваат и ја претвораат во вода за пиење.
Самата пустина претставува висорамнина, прекриена со наноси од лава и базени на сол. Солената Рамнина на Атакама, се наоѓа непосредно јужно од селото Сан Педро (San Pedro de Atacama), кое се смета за центар на пустината. Пустината е богата со бакар и нитрати, и е прошарана со напуштени рудници.
Поради богатството што го содржи, била предмет на конфликти меѓу соседните држави Чиле и Боливија.
          Пан-американскиот автопат ја сече пустината во правец север-југ.А Европската Јужна Опсерваторија (European Southern Observatory - ESO) е лоцирана баш во пустината Атакама, бидејќи на астрономите кои се таму стационирани им нуди изолираност и сув воздух.
   
Во Атакама постои растителен и животински свет преставен со инсекти, птициата фламинго како и растенија со длабоки корења. Пустината скоро да не е населена со луге таму живеат мал број на Атакама индиј
8

ученички проекти

          Апалачки планини             

             Апалачките планини се едни од најстарите планини во целиот свет.Тие претставуваат  планински ланец во источниот дел на Северна Америка.

Поголемиот дел од овие планини се наоѓа во САД,но има и дел во југоисточна Канада.Вака распространета формира ланец долг 2400 километри  од островот Њуфаундленд до централниот дел на Алабама.Планинскиот систем е поделен во серии со поединечни планини со просечна висина од 900 метри.Највисок врв во овие планини е Планината Мичел кој е висок 2037 метри.Овај врв исто така е и највисока точка во САД источно од реката Мисисипи..Апалачките планини се прилично ниски и неистакнати..Во 1528 година додека го испитувале северниот брег на Флорида членовите од  Narváez експедицијата нашле стар индијански град преведен како  Apalachen.Целиот систем е преставен со 3 гео-целини: Северен дел, Централен и Јужен дел.

Животни кои ги карактеризират апалачките шуми се 5 врсти на верверички.Најчесто видена верверичка е источната гриава верверичка,потоа фокс верверичката,па јужно летечката верверичка, црвената верверичка и северно летачката верверичка.Исто така таму има и црна мечка,ракун,творови, дива патка,водена гуска и др.

Флората на Апалачките пл.е разновидна во зависност од надморската височина,географската ширина и достапоноста на влагата.Доминантно растение е Ред Спруца која расте на 1219 метри надморска височина.


8/3

&

 Долината на смртта Невада

  Долината на Смртта се наоѓа во Ј-И дел од планината Сиера Невада во Големиот Басен.Долината е најниска точка на западната полутопка, 86 м под нивото на морето.Таа е  национален парк, еден од најжешките, најсушни и најниските национални паркови во Соеднинетите Американски Држави. Поголем дел од националниот парк Долината на смртта е во Калифорнија , а мал дел познат како Ѓаволска дупка е всушност во Невада.
Долината на смртта  е едно од најжешките места  во земјата.Во лето температурите се често просечно далеку над 470 С. Највисока  забележена температура забележена во САД, а втора   највисока  во  светот, била 57°Ц во близина на долината во 10 јули 1913 год. Просечните врнежи на дожд се 50 мм годишно.Постојат реки  кои течат низ долината , или  исчезнуваат  во  песокот.Иако  во  Долината  има многу  малку дожд , долина е подложна на поплави.

 Во 1849,Американците кои бараа злато во Калифорнија имаа два избори. Долината добила име од страна  на емигрантите  кои во 1849. минувале низ оваа сурова долина  за да стигнат до златоносните  полиња.Многу од нив никогаш не доживеаа да го видат сијаењето на наведеното злато, умреле од жед. 

Пешачењето низ  националениот  парк Долината на смртта може да биде возбудливо искуство.Биди сигурен дека со себе носиш доволно количина вода.Додека да се навикнеш  на жештината, треба да го започнеш твоето  пешачење со маичка  со куси ракави. Во некои   патување се поминува дел низ патека со подлога од штици .При прошетката  можат да се видат разновидни форми на животински и растителен свет.  Исто така можете организирано да се качувате на крпи, да кампувате, да го посетите кањонот кој се наоѓа на далечина од н1,8 км. Има 9 места каде што можете да кампувате во националниот парк Долината на смртта , тие се отворени преку цела година.Кампувањето е дозволено на сите локации кои се оддалечени 3,5 км Кампот мора да е во близина на  извор на вода.
Во Долината на смртта постојат села во кои живее индијанско племе.



                                                                      

ученички проекти

 

Пустината Мохаве (Mojave Desert )

Така наречена висока пустина,  претставува безводен регион во југоисточна Калифорнија, Америка. Таа зафаќа поголем дел од југоисточна Калифорнија, а помал дел од Централна Калифорнија, Јужна Невада и северо западниот дел од Аризона. Името го добила од старо индијанско племе-мохаве. Пустината зафаќа површина од околу 57.000км2. Се простира од Сиера Невада до висорамнината Колорадо и се граничи со пустината Голема Долина на север и пустината Соноре на југ и југоисток. Заедно со Сонорската, Големата долина и Chihuanskata пустина ја формира Северно Американската пустина.
Пустината Мохаве има богата вегетација и разноразен животински свет. Покрај сите животни најактуелни се змиите, густерите и дивите кози. Исто така во оваа пустина е развиен и растителниот свет. Околу 1750-2000 различни растенија виреат во областа, мегу кои е и најпознатото “Џошуа” дрво, кое е карактеристично за оваа пустина. Тука се наоѓа Националниот парк “Џошуа”.

 

Климата е пустинска со 4 годишни времиња. Годишно во ова пустина  врни околу 250 мм дожд. Во зимските месеци температурата се спушта од -7 до -18 0С, со дождови а понекогаш и снег, а додека во топлите зимски денови достигнува и до + 270С. Во пролетта температурите се движат од 32-380С, а есента е сува и сончева со температури од 21-320С. Летата се суви и ветровити со температури од 49-540С.

И покрај високите температури пустината е населена. Во неа се сместени областите Лас Вегас-Невада, Палмдале-Калифорнија и дел од светката метропола на Лос Ангелес. Има уште многу други помалечки градови и руднички села.Пустината е позната туристичка атракција.                                                                               

 

ученички проекти

Нијагарините водопади

 Низа на водопади кои се наоѓаат на реката Нијагара во источниот дел на Северна Америка, на границата помеѓу САД и Канада. Овие водопади индијанците ги нарекле Нијагара , што значи ,, вода која татни“.Реката Нијагара е многу куса река , долга само 60 км и ги поврзува езерата Ири и Онатрио.

Нијагарините водопади настанале пред 10 000 години, кога се стопиле ледниците при крајот на последната ледена епоха. Нијагарините водопади се состојат од три различни водопади:

Потковични водопади (познати исто како и Канадски водопади), Американски водопади и помалите Водопади на невестинскиот превез. Водопадот коњска потковица е широк 800м , а висок 53м , и низ него протекува 90% од водата на реката, а американскиот е широк 320м и висок 21м, низ него протекува само 10 %вода.Нијагарините водопади не се многу високи  но, се мошне широки. Низ нив просечно течат околу 110.000 м³ вода секоја минута па сè до максимум од 170.000 м³ во минута. Тоа ги прави најмоќните водопади во Северна Америка и најверојатно најпознатите во светот.

Тие се ерозивни водопади што значи дека водата ги еродира и носи со себе мекиот песоклив и чакалест слој што се наоѓа под 25м цврстата карпа.Со текот на времето водопадот се повлекол наназат околу 12 км, за да се спречи ова помеките делови се зајакнати со бетон.

Нијагарините водопади се прославени заради нивната убавина, но, исто претставуваат важен извор на хидро-електрична струја така Никола Тесла бил првиот што поставил турбини за добивање струја.

Водопадите претставуваат популарна туристчка атракција скоро еден век и ова природно чудо го делат збратимените градови Нијагарини Водопади (Онтарио) и Нијагарини Водопади (Њујорк).Годишно ги посетуваат 12 милиони посетители

  

ученички проекти

 Хадсонов Залив

Заливот на индијански се нарекува Wînipekw што во наш превод би значело матна вода, но денесното име Худсоновиот залив го добил  по Хенри Худсон, кој го истражувал во 1610 год. со бродот Дискавери кога тој бил  заробен во мразот  на заливот.
          Заливот беше пристап на големи територии за трговија на крзно кои Франција и Северна Америка сакаа да ги контролираат.Тие се бореле меѓусебно за Худсоновиот залив.
          Заливот е долг скоро 1000 км и широк 700 км , длабочината му е 125 м. Со вкупна површина од 1,23 милиони км2.Худсоновиот залив е подолго време замрзнат , од крајот на месецот октомври се до јуни , но ретко на некои места под дејство на ветерот се одмрзнува. Артичките острови и многу бројните реки меѓу Черчил и Нелсон прават заливот да има поголемо ниво од просечното ниво на морето, тие води преку Худсоновиот залив преминуваат во Атланскиот океан.

          Соленоста на Худсоновиот залив е пониска од сите океани поради:
1)
Мали количини испарување затоа што делот од годината заливот е под мраз;
2)Годишно во заливот се влеваат води околу 700 км
2,
3)Пора
ди ограничена поврзаност со Атланскиот океан кој има поголем соленитет.

                  

           

ученички проекти

Вулкани во  Америка 

 

Парикутин е активен вулкан во ЈЗ Мексико, со висина од 424 м, на надморска височина од 2809 м. Вулканот има облик на конус. Ерупциите започнале во 1943 год., во нивата со пченка на локален фармер и за една година се извишил 336 м. Последна година на ерупција му е во 1952 год.

 

 

Попокатепетл е вулкан со шумски падини и голем кратер. Името доаѓа од астечкиот јазик што значи „планина која чади“. Тој е вториот најголем врв во Мексико, по  Оризаба. Овој вулкан уште го нарекуваат и Попо. Тој се наоѓа на помалку од 80км од градот Мексико, Последната голема ерупција на Попо била во 1947, иако долго време не еруптирал толку многу тој сепак е активен вулкан. Овој вулкан има надморска висина од 5 452м. Во последните 500 год. забележани се 20 поголеми ерупции.1994 вулканот испуштил гасови дури до далечина од 25 км

                                                 

 

Оризаба е вулкан од експлозивен тип и последната ерупција му е од 1687 год. Близок е до градот Оризаба

 

 

 Чомборазо 6,268.2 метри Тој е стратовулкан(експлозивен тип)

Котопакси 5 911 највисок активен вулкан во светот(но некои го сметаат Мауна Лоа(Хаваи) ако го мериш од дното на тихиот Океан над 9 000 м Создаден пред 5000 години.Последна ерупција 1940 год.

ИЗРАБОТИЛ:ДАВИД ЦЕЛАКОВСКИ 7 /4 ОДД.

                                                                                          

ученички проекти

Гренланд

 

Гренлнд зафаќа површина од 2.166.086 км² од koj 1.755.637 км² (81%) е покриено со мраз. Брегот е долг 39.330 км што е скоро еднаков на должината на Екваторот. Тежината на ледената покривка во внатрешноста на островот створила кањон долг оклолу 300м под морското ниво. Сите населени места се наоѓаат покрај брегот кој не е покриен со мраз. Најповеќе жители живеат на западниот дел од островот. Територијата на североисток, која вклучува делови од северен и источен Гренланд не е дел од ниедна административна единица, туку е место каде што се наоѓа најголемиот национален парк на светот.

Во централниот дел на Гренланд, кој е покриен со мраз се наоѓаат најмалку четири научноистражувачки станици и кампови. Радио станицата Jørgen Brøndlund Fjord до 1950 год. била најсеверната стална станица на светот.

Полуостровот Периева земја во северен Гренланд не е покриен со мраз затоа што воздухот е премногу сув за да се формира и да постои снежна покривка. Кога целиот леден покривач ќе се стопи од Гренланд, нивото на морето би порастило за 7м  и Гренланд би постанал архипелаг.

Помеѓу 1989 и 1993 година американски и европски климатолози анализирајќи ги примероците од глечерите  (на длабочина од 3.2 км ), дојдоа до податоци кои покажуваат на чести и драстични климатски промени на северната хемисфера во последните 100.000 години. Во февруари 2006 година истражувачите објавија дека глечерите на Гренланд се топат два пати побрзо во споредба со податоците од пред пет години.. Во 2005 година благодарение на сателитските снимки истражувачите израчунале дека годишно се топат околу 216 км глечери. Швајцарските научници имаат израчунато дека во 2006 година зимската температура се зголемила за 12°C во споредба со 1991 година.

                           

ученички проекти

РЕКА  КОЛУМБИЈА

            Реката Колумбија (позната како Бимахл или Голема Река од страна на индијанските племиња) извира од канадската провинција Британска Колумбија и се влева во Тихиот Океан. Минува низ територијата на САД и Канада.Трета река  по волумен во Северна Америка зад (Мисисипи и Сен Лоренс) и  најголема река по количината на водата (просек 7500 м3/сек).

           Оваа река произведува најголема хидроелектрична енергија  во Северна Америка преку нејзините 40 хидроцентрали. Но од нив се издвојува хидроцентарлата Гранд Кули која е највисока и со најголем хидренергетска сила во САД.Таа има бетонска брана висока 168м. Долга е 2.044 км.
            
На 1 мај1792 година амерички трговски брод со капетан Греј, го потврди постоењето на големата америчка река, во северозападна Америка.Долго се слушаше приказната за реката, чија вода од западниот дел на континентот се влева во Пацификот, но не постоеше белец кој ја видел. Капетанот Греј од Масачусетс и го даде името Колумбија, по својот едрењак.За да влези во реката од океанот, мораше да управува со бродот низ големи бранови. Да избегнува песочни дини и да се соочува со големи плими. Повеќе трговец, отколку истражувач, Роберт Греј тргувал крзно со  локалните Индијанци.  Неколку денови подоцна, после доаѓанјето на Греј, британскиот истражувач Георг Ванкувер стигнал во близина и почнал да ја присвојува територијата за својот крал. Кога прашанјето на сопствеништвото конечно беше решено педесет години после тоа, Роберт Греј, добил документ со кој помогнал делот од Пацифичкиот северо-запад да припадне на Соединетите држави. 

              Во 2000 год покрај реката живееле 6 милиони жители.Но гледано низ иторијата во овие простори, преку археолошки пронајдоци е констатирано дека во овие предели пред 11 230 год живееле луге.
                                                                               

 

ученички проекти


Големите езера

Големите езера се група на пет големи езера во Северна Америка на или блиску до границата помеѓу Канада и САД. Тие се најголемата група на слатководни езера на Земјата. Системот Големи езера-Сент Лоренс е најголемиот слатководен систем во светот. Тие понекогаш се нарекуваат внатрешни мориња.

Големите езера се:

·         Горно Езеро (најголемо по волумен и најдлабоко, поголемо од Шкотска или Јужна Каролина)

·         Мичиген (второто најголемо по волумен и трето најголемо по површина; единственото кое се наоѓа само на територијата на САД)

·         Хјурон (третото најголемо по волумен; второ најголемо по површина)

·         Ири (најмалото по волумен и најтрсковито)

·         Онтарио (второто најмало по волумен и најмало по површина, на многу пониска елевација отколку останатите).

Езерата Мичиген и Хјурон, хидролошки поврзани, понекогаш се сметаат за еден ентитет: езеро Мичиген-Хјурон. Заедно, овие езера се поголеми по површина од Горното Езеро, но помали по вкупен воден волумен.

Многу помалото шесто езеро, Сент Клер, е дел од системот на Големите езера и се наоѓа помеѓу езерото Хјурон и Ири, но не се смета за едно од “Големите езера”. Овој систем исто така ги вклучува реките кои ги поврзуваат езерата: Сент Мерис помеѓу Горното Езеро и Хјурон, Сент Клер помеѓу Хјурон и езерото Сент Клер, Детроит помеѓу езерото Сент Клер и Ири, и Нијагара и Нијагарините Водопади помеѓу Ири и Онтарио. Езерото Мичиген е поврзано со Хјурон преку протокот Мекинак. Големи острови и еден полуостров го делат Хјурон на самото езеро и Џорџискиот Залив. Езерата се опколени со териториите на покраината Онтарио (освен езерото Мичиген), потоа сојузните американски држави Минесота, Висконсин, Мичиген (освен езерото Онтарио), Илиноис, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк. Четири од петте езера се протегаат долж границата меѓу САД и Канада; петтото езеро Мичиген е целосно на територијата на САД. Реката Сент Лоренс, која ја обележува истата меѓународна граница во еден дел од својот тек, е примарен излез на овие поврзани езера и тече низ Квебек, го поминува полуостровот Гаспе и се влева во Атлантскиот Океан.

Има околу 35.000 Големоезерски Острови распрскани низ езерата, вклучувајќи ги островот Манитулин во езерото Хјурон, најголемиот остров во било која копнена водена површина на Земјата, и островот Ројал во Горното Езеро, најголемиот остров во најголемото езеро.

 

Езера во Канада

Површина

Максимум длабина

Големо Езеро

82 000 км2

406 м

Хјурон

59 000 км2

229м

Ири

25 000 км2

64м

Онтарио

19 000 км2

245

 

                             

 

ученички проекти

 

 Индијанци

     Терминот индијанци или американски староседелци е назив за целокупното домородно население што на териториите на Северна Америка, Јужна Америка и Средна Америка. Меѓусебно се разликуваат по јазик,култура и изглед. Најголем број од нив биле ловци но денес  живеат во резервати и се невработени.Тоа неселение е единствено население што живеело на овие територии сѐ до 15 век. Најпознати и најнапредни индијански цивилизации се Маите, Астеките(денешно Мексико) и Инките (Перу).Од 15 век почнува населувањето на европските народи особено од шпанците и англичаните. Прв човек од Европа што официјално пристигнал на амриканскиот континент бил Кристофер Колумбо и тој населението го нарекол Индијанци мислејќи дека стигнал во Индија. Тоа име останало и до ден денес иако во САД и во Канада почнува да се користи терминот Американски староседелци. Индијанското население низ историјата претрпело големи егзодуси, мачења и војни. Големи неправди се направени врз нив и денес како резултат на мачната и тешка индијанска историја, населението живее во резервати со мизерни услови за живот. Поголем број од етникумите се убиени и исчезнати и денес опстоиле само најупорните од нив. Денешната ситуација е нешто поразлична и голем број на индијанци се интегрирани во општествата на Канада и САД. Во Канада индијанското население има и своја држава- Нунавут.